Нов период во турско-американските односи

Интересите на Америка во регионот и во глобала неминовно ја тераат на соработка со Турција како регионална сила

Нов период во турско-американските односи

Минатонеделната посета на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на САД помина под сенка на најдлабоката криза досега во односите меѓу двете земји.Пред посетата на Ердоган на Вашингтон во американскиот печат преовладуваа коментари дека тоа ќе биде најтешкиот гостин на претседателот Трамп.Дури и имаше шпекулации дека односите меѓу Турција и САД поминуваат низ еден доста тежок период кој може да резултира со целосен нивен прекин. Сепак сиве овие претпоставки се покажаа само како млатење празна слама.Претседателот Трамп го пречека својот гостин од Турција пред влезот во Белата Куќа и беше мошне срдечен со него.На конференцијата за печатот подоцна двајцата лидери го нагласија значењето на турско-американските односи, без да навлезат во дискутабилните теми.Се на се може да се констатира дека средбата Ердоган- Трамп во Вашингтон помина над очекувањата.

Претседателот Ердоган во Вашингтон отпатува со делегација составена од важни ресорни министерства поаѓајќи пред се од значењето на темите кои беа поставени на дневниот ред на официјалните разговори.Тука секако дека треба да се истакнат воените, стратегиските, политичките и економските односи ,како и тероризмот и друго. Секако дека главна тема беше сириското прашање како и блискоисточниот мировен процес. Не одминаа ниту прашањата како што беа барањето на Турција за американска воена помош и оружје, борба против терористичките организации ,борба против терористичката организација ЈПГ, проблемот со ФЕТО,борба против ДЕАШ и евентуалната операција на Рака.

Ако се погледне на резултатите од разговорите може да се констатира дека како претседателот Ердоган така и другите членови на високата турска делегација не беа сосема задоволни од постигнатото.Тоа особено се однесува на проблемот ФЕТО и терористичката организација ЈПГ. Околу овие прашања јасно се виде дистинкција меѓу Вашингтон и Анкара. Претседателот Трамп за проблемот ФЕТО рече дека истиот е правен проблем така да не одговори позитивно на барањата на Турција.Сепак Трамп даде виза за формирање на  комисија за следење на активностите на ФЕТО. Што се однесува до ЈПГ поаѓајќи од тезата дека нејзината структура е различна од онаа на ПКК, САД ставија до знаење дека ќе соработуваат со ЈПГ во борбата против ДЕАШ и во воените операции за ослободување на Рака.

Ако се погледне од полната страна на чашата може да се констатира дека посетата на претседателот Ердоган на САД имаше повеќе позитивни резултати. Како прво односите меѓу Вашингтон и Анкара ја избегнаа стапицата на кризни ситуации и навлегоа во еден поизвесен период. Во новиот период што настапи одговорот на прашањето дали турско /американските односи ќе го доловат нивото на стратегиско партнерство ќе зависи од политичките и воените потези и случувањата на терен. Важно е што турско/американските односи кои како да имаа излетано од шините повторно се вратија на колосек.

Освен тоа претседателот Трамп вети дека ќе помогне во реализацијата на барањето на Турција од САД да купи над 100 воени хеликопери Скорски како и неколку беспилотни летала.

Исто така се постигна согласнот и околу одредени економски прашања.

Што се однесува до ЈПГ,независно од тоа колку Турција не го доби очекуваниот одговор сепак видливо беше попуштањето на Вашингтон. Претседателот Трамп даде ветување дека ЈПГ нема да ја нападне Турција и нема да го користи американското оружје против Турција.Можно е во наредниот период особено после воената интервенција на Рака да биде собрано американското оружје од рацете на ЈПГ.

Како резиме од сето горе наведено може да се каже дека  интересите на Америка во регионот и во глобала неминовно ја тераат на соработка со Турција како една регионална сила. Акцентот на претседателот Трамп на турско-американските односи во периодот на студената војна произлегува токму од американската потреба од Турција. Од друга страна и Турција има потреба од продолжување на добрите односи со САД пред се поради нејзината политика кон Сирија и Ирак како и заштита од штетните последици  по нејзината блискоисточна и регионална полтика.

( Автор : проф.др. Ердал Танас Караѓол)



Слични вести