Чавушоглу:Македонија да послужи како пример за останатитте европски држави

Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу ја посочи Република Македонија како држава која треба на Европа да и служи како пример за сплотеност на различните етнички и верски заедници

Чавушоглу:Македонија да послужи како пример за останатитте европски држави

Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу ја посочи Република Македонија како држава која треба на Европа да и служи како пример за сплотеност на различните етнички и верски заедници.

Синоќа во Скопје се одржа заедничка вечера ифтар, во организација на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО), Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), под покровителство на Амбасадата на Република Турција во Скопје, во чест на министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На организираниот заеднички ифтар присуствуваше државниот врв на Македонија, предводен од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, бројните министри во Владата, државните функционери, претставници на државните организации и институции,бизнисмени и многубројни гости.

Во оваа прилика министерот Чавушоглу истакна дека етничката солидарност, меѓусебно разбирање и почитување, коешто може да се забележи во Македонија помеѓу припадниците на различните етнички заедници треба да им послужи на европските држави како пример на кој начин се прави тоа, 

Ние како Република Турција постојано ќе бидеме на страната на Македонија, поддржуваќи ја за членството во НАТО, затоа што Македонија тоа го заслужува повеќе од сите. Затоа што стабилноста и мирот на Макеоднија е значајна како за регионот така и за цела Европа,подвлече министерот Чавушолгу.

На присутните им се обрати министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров кој истакна дека за него претставува посебна привилегија да биде со своите сограѓани и со неговиот турски колега, министерот Чавушоглу, на вечерашната ифтарска софра за време на светиот месец за муслиманите Рамазан.Нашите сограѓани постат од утро до вечер но тоа не е само ритуал да се биде гладен, туку тоа не подучува на вредности, на трпение, лојалност и добар морал. 

Министерот Мевлуш Чавушоглу во рамките на престојот во Скопје вчера беше примен од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и од министерот за надворешни работи Никола Димитров.

 



Слични вести