Надминување на спорните прашања преку дијалог и во рамките на добрососедските односи

По покана на премиерот на Грција Алексис Ципрас премиерот Бинали Јилдирим денеска отпатува во еднодневна работна посета на Грција

Надминување на спорните прашања преку дијалог и во рамките на добрососедските односи

По покана на премиерот на Грција Алексис Ципрас премиерот Бинали Јилдирим денеска отпатува во еднодневна работна посета на Грција.

Во рамките на своите контакти во Атина премиерот Јилдирим  ќе биде примен од страна на претседателот на Грција Прокопис Павлопулос.

Првата средба премиерот Јилдирим ја оствари со својот домаќин премиерот Алексис Ципрас. Во разговорот стана збор за потребата од надминување на спорните прашања преку дијалог и со време а во рамките на добрососедските односи.

Потоа премиерот Јилдирим ќе оствари средба со претставници на турската заедница во регионот на Западна Тракија ,Грција и ќе учествува на ифтарска вечера организирана во негова чест.

Посетата на премиерот Јилдирим на Атина е прва посета на премиер на Репуболика Турција на Грција по пауза од 2,5 години. Истата ќе послужи за разгледување на одредени актуелни билатерални и регионали прашања,како и прашања посветени на односите Турција-ЕУ и кипарското прашање.

Еднодневната посета на премиерот Бинали Јилдирим на Атина се остварува во еден мошне важен временски период кога се актуелни прашањата како што се заживувањето на кипарските преговори во Женева кон крајот на месецов, сондажните испитувања на нафта и на гас на Турција и на грчката страна на Кипар во Медитеранот и други.

Грчките медиуми посетата на премиерот Бинали Јилдирим на Атина ја оценуваат како продолжеток на средбата меѓу претседателот Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Алексис Ципрас во Пекинг на 13 мај годинава во рамките на самитот Појас и Пат. 

Инаку се очекува работата посета на премиерот Јилдирим на Атина да послужи за утврдување на контурите на рамката на обновување на официјалните разговори меѓу двете соседни земји.

 



Слични вести