Телефонски разговор Чавушоглу-Тилерсон

Дипломатски извори соопштија дека двајцата министри разговарале за кризата меѓу двете земји која што се појави околу суспендирањето на визниот режим меѓу нив.

Телефонски разговор Чавушоглу-Тилерсон

Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон.

Дипломатски извори соопштија дека двајцата министри разговарале за кризата меѓу двете земји која што се појави околу суспендирањето на визниот режим меѓу нив.

Како што е познато поводот за визната криза беше апсењето на турскиот државјанин по име Метин Топуз вработен во американскиот генерален конзулат во Истанбул од турската полиција, поради „ шпијунажа, обид за атак врз уставниот поредок и обид за ликвидирање на владата“.

По овој инцидент дојде до прекин на издавањето на американски визи за турските државјани,по што уследи и адекватната турска реакција.

 



Слични вести