Чавушоглу :членството во ЕУ сé уште е стратешка цел на Турција

Турција е дел од овој континент, ви се допаѓало тоа или не. Ние не сме аутсајдери“, изјави Чавушоглу на меѓународниот форум на TRT World во Истанбул.

Чавушоглу :членството во ЕУ сé уште е стратешка цел на Турција

Министерот за надворешни работи на  Република Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека членството во ЕУ сé уште е стратешка цел на Турција.

„Нашето лице било секогаш свртено кон Европа, бидејќи ние сме на овој континент. Турција е дел од овој континент, ви се допаѓало тоа или не. Ние не сме аутсајдери“, изјави Чавушоглу на меѓународниот форум на TRT World во Истанбул.

Тој нагласи дека Европа е најголем трговски партнер на Турција.

„Ги споделуваме европските вредности, заедничките вредности и истите ги промовираме. Ние сме основач на многу европски институции, како на Советот на Европа“, додаде тој.

Турција аплцираше за членство во Европската Унија (ЕУ) во 1987 година. Пристапните разговори започнаа во 2005 година.

Чавушоглу истакна дека и покрај тоа што Турција дава сѐ од себе во изминатите 16 години: „ЕУ е единствената институција во која не можевме да станеме членка“.

„Членството во ЕУ сé уште е стратешка цел за нас“, додаде Чавушоглу, и продолжи: „но ние не го гледаме ова кај другата страна . Тоа е проблемот“.

Тој нагласи дека и покрај сите овие прашања, Европа не може да биде единственото подрачје во фокусот за Анкара.

„Ние треба да ја балансираме нашата надворешна политика .Мораме да го насочиме нашето лице кон исламскиот свет, што е многу важно“, рече Чавушоглу, кој говореше и за интересите на Турција во Африка, Латинска Америка и во Централна Азија.

Тој истакна дека Европа треба да разбере оти домашната поддршка за членството на Турција во ЕУ ќе се намалува од ден на ден бидејќи постои големо разочарување и фрустрација.

„Разочарување во однос на двојните стандарди на ЕУ за тоа како тие нè гледаат и фрустрација во однос на исламофобијата, ксенофобијата и.т.н.“

Нагласувајќи го значењето на борбата против тероризмот министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се осврна на заедничката борба против тероризмот и рече:

„Военото крило на терористичката организација ПКК во Сирија, ЈПГ/ПЈД добива воена поддршка и тоа претежно од САД, што ја прави невозможна меѓународната борба против тероризмот.

 



Слични вести