Уште еден турски војник загина во операцијата Маслиново гранче

Четвртиот ден од воената офанзива Маслиново гранче загина Огуз Каан Уста пешадиски офицер родум од Анталија

Уште еден турски војник загина во операцијата Маслиново гранче

Уште еден турски војник загина во операцијата Маслиново гранче која е во тек во подрачјето на Африн во Сирија.

Жалната вест ја соопшти министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу преку Твитер.

Тој напиша дека 4.ден од воената офанзива на Африн загинал  офицерот Огуз Каан Уста.

Во пораката на министерот Чавушоглу се истакнува следното:

„ Четвртиот ден од воената офанзива Маслиново гранче загина мојот земјак Огуз Каан Уста инаку пешадиски офицер родум од Анталија. Нема да дозволиме крвта на нашите загинати херои да остане на земја. Ќе продолжиме со нашата битка се додека не го исушиме коренот на тероизмот. Моето сочувство до целата нација.“

 



Слични вести