Актуелно 05/2018

Втора недела на операцијата Маслиново гранче

Актуелно 05/2018

Во Сирија се доживуваат многу важни настани. Воената операција Маслиново гранче која ја започнаа турските вооружени сили заради ликвидирање на терористичките гнезда во Африн ја заокружи втората недела.Згора на тоа турските вооружени сили воспоставија нови контролни точки за надгледување на подрачјата за намалување на затегнатоста во Идлиб. Случувањата на терен имаат влијание врз улогата на САД во Сирија.

Со ефект на домино воената операција Маслиново гранче ќе ги ослаби позициите на ПКК/ПЈД и во другите подрачја.Во Менбич,Хасеке,Рака и Дејр ез Зор народот кој што беше целосно угнетуван од терористите започна да пружа отпор.Во Менбич народот беше во востание против ЈПГ. САД поради погрешните проценки во регионот се повеќе се изолира, а во исто време Турција ,Иран и Русија согласно одредбите на конференцијата од Астана бараат излез и решение за кризата. Позицијата на Турција во Сирија се повеќе станува посилна после освојувањето на стратешки важниот рид Ел Ејс. Во меѓувреме без престанок напредува воената операција Маслиново гранче во соработка и со поддршка на силите на Слободната сириска војска. И покрај непристапниот терен околу Африн турските вооружени сили и силите на Слободната сириска војска и натаму напредуваат. Еден по еден се освојуваат стратешките ридови околу Африн, така да се повеќе слабее мислењето дека терористичката организација ЈПГ е непобедива и дека располага со апсолуттна поликтичка заштита. Основата на ова мислење лежи во американската оружана поддршка на ЈПГ. Како што е познато  поголемиот дел од териториите кои ги контролира ЈПГ во Сирија се состои од Арапи и Туркмени. Сега особено откога ДЕАШ е скоро целосно елиминиран во ова подрачје, локалното население се повеќе го поставува прашањето околу легитимноста на ЈПГ. Соработката на Турција со Арапите, Туркмените и Курдите кои го сочинуваат јадрото на Слободната сириска војска се претвори во алтернатива за регионот. Особено во подрачја како Мунбич каде населението е незадоволно од диктатурата на ЈПГ,се повеќе се забележуваат групи кои што пружаат отпор на ЈПГ. Секој успех на турската воена операција Маслиново гранче ги охрабрува Арапите,Туркмените и Курдите кои што се спротивставуваат на зулумите на ЈПГ.

Сепак операцијата Маслиново гранче не ги изолира само ЈПГ  туку и САД кои сите свои проценки во Сирија ги имаа направено на база на соработката со ЈПГ. Самиот факт што САД дадоа неколку контрадикторни изјави околу Турција и турската воена операција на Африн доволно кажува за збунетоста која владее во самата Америка. Тоа на најочигледен начин беше видливо кога ЦИА ја стави ЈПГ во списокот на терористички организации.

Америка која остана надвор од процесот Астана кој што го иницираа Турција,Русија и Иран  се повеќе се изолира и се турка кон безвредна осаменост во политиката кон Сирија.Американската политика која една терористичка организација сака да ја уништи користејки друга исто така терористичка организација, предизвикува загриженост кај останатите земји во регионот. Ставот на ЈПГ кој што го загрозува територијалниот интегритет на Сирија, како и американскиот план за формирање на војска за заштита на границите се дочекуваат со реакции во Русија,Турција и Иран. Соработката меѓу САД и ЈПГ која беше најавена како ограничена само на борба против ДЕАШ, сега дава сигнали дека сака да биде трајна со воспоставување на воени бази во Сирија.

Еден друг важен настан во Сирија е тоа што турските војници поставија нова точка за набљудување во рамките на планот за влегување во Идлиб. Овој пункт поставен во населбата ел Ејс јужно од Алепо има големо значење за контрола на подрачјето за намалување на затегнатоста.

Турција во последниот период се претвори во важен и решавачки актер на теренот во Сирија особено во рамките на процесот кој што се зацртува во Астана.Турција од една страна својата силна позиција ја користи за окончување на драмата на цивилите во Сирија, а од друга за подобра иднина на Сирија.

Оваа своја позиција на Турција потекнува од нејзината поддршка на сирискиот народ. Од една страна Турција прифати и се грижи за околу 3 милиони бегалци од Сирија, а од друга пружа несебична помош за околу 4 милиони граѓани на Сирија кои што се борат со условите на граѓанската војна која сеуште трае во нивната земја.



Слични вести