Досега 31 турски војник загина во воената операција Маслиново гранче

Турскиот Генералштаб соопшти дека од почетокот на воената операција Маслиново гранче загинал 31 а ранети биле 143 турски војници

Досега 31 турски војник загина во воената операција Маслиново гранче

Турскиот Генералштаб соопшти дека од почетокот на воената операција Маслиново гранче на 20 јануари годинава досега во судирите со терористите на ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ во околината на пограничниот град Африн во Сирија загинал 31 припадник на турските вооружени сили ТСК.

Во судирите исто така биле ранети 143 војници.

Во истото соопштение се подвлекува дека турски воени авиони погодиле и уништиле 627 цели на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ,воедно и дека биле неутрализирани 1369 терористи на овие терористички организации.

Генералштабот на крајот од соопштението подвлекува дека воената операција Маслиново гранче се одвива според планот.

 

 



Слични вести