Средба Ердоган -Заев во претседателската палата во Анкара

Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, беше примен од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Претседателскиот комплекс во Анкара.

Средба Ердоган -Заев во претседателската палата во Анкара

Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, беше примен од страна на претседателот, Реџеп Тајип Ердоган, во Претседателскиот комплекс во Анкара.

Средбата меѓу Ердоган и Заев траеше околу еден час и беше затворена за медиумите.

Премеирот Заев престојува во официјална посета на Р. Турција. Тој вчедра беше пречекан од страна на турскиот премиер, Бинали Јилдирим, со кого одржа тет-а-тет средба, по која беше одржана и меѓуделегациска средба. Потоа двајцата премиери одржаа заедничка прес-конференција.

Јилдирим, организираше свечен ручек во чест на премиерот Заев.

Во рамките на посетата на Р. Турција Заев се состана и со претседателот на Големото народно Собрание на Турција, Исмаил Кахраман.



Слични вести