ТВС исчистија уште едно село од терористите во Африн

Целите на терористичката организација ПЈД/ПКК кои беа утврдени во руралното подрачје на Африн се бомбардираат со повеќецевни ракетни фрлачи, хаубиците „Фиртина“ и тенковите од Килис

ТВС исчистија уште едно село од терористите во Африн

Во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ Турските вооружени сили (ТВС) заедно со војниците на Слободната сириска армија исчистија уште едно село од терористите во Африн во Сирија.

25-от ден на операцијата „Маслиново гранче“ војниците на Турските вооружени сили (ТВС) заедно со Слободната сириска армија селото Омер СИмо во близината на општината Буљбуљ го исчистија од терористите на ПЈД/ ПКК.

Силите на Слободната сириска армија кои ги подржуваат Турските вооружени сили и операциите, од 20 јануари денот кога започна операцијата досега исчистија 5 помали општини, 34 села, 6 населени места и 14 стратешки плани или ридови, вкупно 52 пунктови.

Од друга страна пак, продолжува бомбардирањето на терористичките цели кои се утврдени.

Целите на терористичката организација ПЈД/ПКК кои беа утврдени во руралното подрачје на Африн се бомбардираат со повеќецевни ракетни фрлачи, хаубиците „Фиртина“ и тенковите од Килис.



Слични вести