Егејското море треба да биде море на мирот

Треба да ги намалиме тензиите во Егејското море

Егејското море треба да биде море на мирот

Премиерот Бинали Јилдирим оствари телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Јилдирим на Ципрас му рече дека треба да се намалат тензиите во Егејското море.

„Турција чувствува загриженост од тензиите во последно време. Грција треба да ги преземе потребните мерки за намалување на тензиите во Егејското море“ рече премиерот Јилдирим.

На средбата беше постигната согласност за одржување средба меѓу високите воени претставници на земјата и дека истата ќе биде од корист.

На разговорот кој помина во доста поволна атмосфера беше постигната согласност проблемите да се решаваат по пат на дијалог и да се зголемат и зајакнат мерките за градење доверба.

На едно прашање на новинарите пред да замине во официјална посета на Белорусија, премиерот Јилдирим рече:

„На Ципрас отворено му ја пренесовме пораката дека оддалечувањето од напнатоста ќе биде во корист на двете земји.

Егејското море треба да биде море на мирот“ рече премиерот Јилдирим.



Слични вести