Ердоган:Турција ќе дојде во позиција да произведува сопствени тенкови без човечки екипаж

Во Народниот конгресен и културен центар „Бештепе“ во Анкара се одржа промоција на развојниот план на Турција, а на присутните им се обрати претседателот Ердоган кој истакна дека актуелната власт во изминатите 15 години направила историски напредок

Ердоган:Турција ќе дојде во позиција да произведува сопствени тенкови без човечки екипаж

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, најави дека Турција ќе дојде во позиција да произведува и сопствени тенкови кои дејствуваат без човечки екипаж.

Во Народниот конгресен и културен центар „Бештепе“ во Анкара се одржа промоција на развојниот план на Турција, а на присутните им се обрати претседателот Ердоган кој истакна дека актуелната власт во изминатите 15 години направила историски развоен напредок и ја оправдала довербата на народот.

Ердоган, укажувајќи на процесот на глобализација во светот, изјави дека тој им нуди на земјите големи развојни можности, но со себе носи и големи предизвици и ризици.

„Во тој процес ќе успеат земјите кои ќе направат најдобра проценка на шансите и ризиците. За нас стратешкото планирање е најважен дел од стратегијата на остварување на целите. Планирањето значи правилно пристапување кон работата“, изјави Ердоган.

Тој истакна дека народите кои нема да креираат сопствени планови за иднината лесно ќе станат дел од туѓите планови, за што постојат грст примери во актуелните случувања во регионот и светот.

„Свесни сме дека Турција не е најбогата земја во регионот кога станува збор за природните ресурси. Од друга страна, имаме силна позиција кога станува збор за знаењето, технологијата и индустријализацијата. Сега ни е потребно јакнење на производството со развој на високата технологија и тоа без запоставување на факторите на издржливост“, изјави Ердоган.

Ердоган изјави дека Турција треба да дојде во позиција да произведува сопствени беспилотни тенкови и најави дека тоа ќе го стори во наредниот период.

„Еве, веќе имаме беспилотни летала од сопствено производство, а доколку тоа го немавме тогаш би морале да размислуваме за последиците во случај на пад на некое летало. Меѓутоа, сега за тоа не размислуваме и не ни е проблем доколку непријателите ни срушат едно летало бидејќи направивме друго, трето, четврто“, порача Ердоган.

Потсетувајќи дека Турција во 2023 година ќе ја одбележи јубилејната 100-годишнина на Републиката, Ердоган изјави дека затоа е развиена визијата за развој до тој јубилеј.

„Останаа уште пет години, а ние веќе креиравме и долгорочни цели за 2053 и 2071 година. Газејќи со сигурни чекори кон иднината на дневен ред ги ставивме и целите за развој за 2033 година кои ги нарекуваме среднорочно планирање“, изјави Ердоган.



Слични вести