Боздаг: Наскоро и центарот на Африн ќе биде исчистен од терористите

Потпретседателот на владата и портпарол Бекир Боздаг рече дека воената операција Маслиново гранче на турските вооружени сили во Африн се одвива според планот, и дека операцијата ќе трае се сосека не се ликвидира и последниот терорист во Африн.

Боздаг: Наскоро и центарот на Африн ќе биде исчистен од терористите

Потпретседателот на владата и портпарол Бекир Боздаг приреди конференција за печатот после седницата на владата.

Осврнувајќи се на воената операција Маслиново гранче на турските вооружени сили во Африн,Сирија Боздаг рече дека од почетокот на истата на 20 јануари досега загинале 42 турски војници а 202 биле ранети во судирите со терористите.Што се однесува до бројот на загинатите терористи Боздаг истакна дека тој моментално изнесува 3 381.

„Наскоро целиот Африн ќе биде исчистен од терористите“ подвлече вице премиерот Болздаг.

Боздаг на прашањето околу нападите на муслиманските верски објекти во Германија одговори : 

Секако дека со загриженост ги следиме инцидентите поврзани со нападите на муслиманските верски објекти во Германија. Сепак властите во Берлин се инстанците задолжени за безбедноста во земјата, но загрижува тоа што германската влада молчи околу сето тоа.Денес ние му врачивме протестна нота на амбасадорот на Германија во Aнкара по тој повод.

Што се однесува до воената операција на турските вооружени сили Маслиново гранче во Африн, Боздаг рече дека таа се одвива според планот, и дека операцијата ќе трае се сосека не се ликвидира и последниот терорист во Африн.



 



Слични вести