Ердоган: влегуваме во Африн остана само уште малку

Претседателот Ердоган, во Анкара порача дека останало многу малку до влегувањето на турските сили во Африн и дека Турција таму не влегува со цел да окупира, туку Африн да им го предаде на оние на кои тој навистина им припаѓа

Ердоган: влегуваме во Африн остана само уште малку

Претседателот, Реџеп Таип Ердоган, во Анкара порача дека останало многу малку до влегувањето на турските сили во Африн и дека Турција таму не влегува со цел да окупира, туку Африн да им го предаде на оние на кои тој навистина им припаѓа.

Ердоган зборуваше во Народниот културен и конгресен центар Бештепе, каде ги прими муфтиите од турските градови. Во фокусот на неговото обраќање беше и борбата против тероризмот.

Зборувајќи за операцијата „Маслиново гранче “, Ердоган истакна дека од почетокот на операцијата биле неутрализирани 3.400 терористи.

Ердоган нагласи дека цивилите никогаш не биле цел на турската војска, и додаде:

„Ние никогаш за цел не ги земавме цивилите. Доколку тие ни беа цел, Африн одамна би паднал “, порача турскиот претседател.

Зборувајќи за случувањата во Африн, Ердоган потсети дека терористите ги користеле цивилите како жив штит.

„До денес неутрализиравме 3.400 терористи. Влегуваме во Африн, остана уште многу малку. Но ние таму не одиме за да го окупираме. Во Африн одиме да го предадеме на оние на кои тој навистина им припаѓа“, порача Ердоган.

Зборувајќи исто така за терористичките организаци ДЕАШ и ФЕТО, Ердоган ги спореди со тројански коњ, кој,како што рече, исто така е уфрлен меѓу муслиманите и во кој е скриена интрига.



Слични вести