Чавушоглу: Турција е против дискриминација во борбата против тероризмот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Турција е против дискриминација во борбата против тероризмот

Чавушоглу: Турција е против дискриминација во борбата против тероризмот

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во рамките на своите средби и разговори во Анкара по министерот за одбрана Нуреттин Џаникли се состана со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Столтенберг и Чавушоглу по остварената средба одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во своето излагање рече: „Очекуваме поголема поддршка од НАТО за нашата борба против тероризмот. Знаеме дека генералниот секретар размислува исто со нас и му благодариме. Ние сме против борбата против тероризмот. Ќе продолжиме со борбата против сите терористички организации.“

Правејќи проценка на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон кој во својот говор во врска со реализираната воздушна операција на Сирија рече „Ги разделивме Турција и Русија“, Чавушоглу рече: „За жал голем број наши европски пријатели го претставуваат популизмот далеку од сериозност. Изјавите на францускиот претседател беа демантирани од страна на различни земји. Очекуваме изјави кои што ќе му доликуваат на еден претседател. Макрон сакаше да дојде на самитот со Русија и Иран (на почетокот на месецот во Анкара). Откако не беше вклучен кон тројниот состанок не дојде. Тоа се случи пред нападот во Дума (7 април).“

„Нашите односи со Русија не би се пореметиле со зборовите на францускиот претседател. Ние имаме цврсти односи со Русија. Овие видови изјави не се правилни.“ - рече министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг нагласи дека Алијансата го дочекува со задоволство тоа што Турција делува транспарентно во операцијата Маслиново гранче која што ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС) на 20 јануари со цел неутрализирање на членовите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ во подрачјето на Африн во Сирија и спасување на пријателскиот и братски народ од притисоците и зулумот во ова подрачје.

Во врска со нападот на САД, Франција и Велика Британија врс Сирија по тврдењето за извршениот напад со хемиско оружје во Дума, Столтенберг рече: „Цел на овие операции е да се намалат способностите на сирискиот режим за употреба на хемиско оружје.

 



Слични вести