Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во посета на Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во рамките на својата посета на Анкара се состана со министерот за одбрана Нуреттин Џаникли и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во посета на Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг допатува во посета на Анкара каде што беше дочекан со воена церемонија од страна на министерот за одбрана Нуреттин Џаникли.

Столтенберг и Џаникли потоа преминаа на средба помеѓу делегациите на Турција и НАТО. 

Пред средбата министерот за одбрана Нуреттин Џаникли му се заблагодари на Столтенберг за поддршката во борбата против тероризмот.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг почесната гарда ја поздрави со „Мерхаба аскер“, а потоа се потпиша во книгата на честа.

По церемонијата министерот за одбрана Нуреттин Џаникли и Столтенберг остварија билатерална средба и меѓуделегациски разговори.

Потоа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се состана со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

На средбите се разговара за борбата против тероризмот, неутрализирањето на членовите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ  и ДЕАШ во подрачјето на Африн во Сирија од страна на Турските вооружени сили (ТВС), операцијата Маслиново гранче која што ја започнаа на 20 јануари за спасување на пријателскиот и братски народ во подрачјето од притисокот и зулумот на кои што е подложен, односите меѓу Турција и НАТО, подготовките за самитот во Брисел во 2018 година и за регионални прашања.

Освен тоа во рамките на посетата се разговара и за операцијата на САД, Франција и Велика Британија против режимот на Асад во Сирија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг воедно за време на оваа негова посета на Анкара ќе биде примен и кај претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести