Турција го одбележува Денот на националниот суверенитет и Празникот на детето

На денешен ден во 1924 година беше одлучено денот на основањето на Големото национално собрание да се одбележува како државен празник

Турција го одбележува  Денот на националниот суверенитет и Празникот на детето

Денес во Турција свечено се одбележува националниот празник Денот на националниот суверенитет и Празник на детето, како и 98- годишнината од основањето на Големото национално собрание на Република Турција.

По тој повод, делегацијата предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Исмаил Кахраман го посети мавзолејот на Ататурк - Аниткабир во Анкара.

На Аниткабир покрај Кахраман, венец поставија турскиот премиер Бинали Јилдирим, лидерот на опозициската Републиканска народна партија (CHP), Кемал Киличдароглу, замениците на премиерот, министри и голем број други официјални лица.

Со интонирањето на химната и полагањето на венец во Аниткабир бешее оддадена почест на основачот на современата турска држава и нејзиниот прв претседател Кемал Ататурк.

За време на церемонијата пред мавзолејот на Ататурк беа присутни и голем број деца од Турција како и од голем број други држави.

Во текот на денот низ Турција со низа манифестации ќе биде продолжено одбележувањето на празникот, а централната манифестација се одржува во главниот град Анкара.

Државниот празник Ден на националниот суверенитет и Празник на детето се одбележува на 23 април, на денот кога во 1920 година беше отворено Големото народно собрание на Турција. Овој датум се слави со присуство на деца од сите краеви на светот.

На денешен ден во 1924 година беше одлучено денот на основањето на Големото национално собрание да се одбележува како државен празник. Пет години подоцна, на 23 април 1929 година тој празник е подарен на децата и од 1929 година се одбележува како Ден на националниот суверенитет, а воедно и како Празник на детето.



Слични вести