Реакција од МНР на Турција против ПАСЕ во врска со закажаните избори на 24 јуни 2018

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој даде писмен одговор во врска со изјавата на Комисијата за надзор при Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) во врска со изборите во Турција закажани за 24 јуни 2018 година

Реакција од МНР на Турција против ПАСЕ во врска со закажаните избори на 24 јуни 2018

Турција истакна дека изјавата на Комисијата за надзор при Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) во врска со закажаните избори во земјава, е во спротивност со најосновните суверени и демократски принципи.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој даде писмен одговор во врска со изјавата на Комисијата за надзор при Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) во врска со изборите во Турција закажани за 24 јуни 2018 година.

Подвлекувајќи дека Комисијата предложи одложување на изборите закажани за 24 јуни со што даде уште една несреќна изјава, Аксој рече: „Оваа изјава на Комисијата за надзор при Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) со политичко својство е во спротивност со најосновните суверени и демократски принципи. Ги изоставува од вид одлуките на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) кое ја презентира волјата на нашиот народ.“

Хами Аксој потенцира дека како што беше нагласено низа пати и претходно спроведувањето на вонредна состојба што ја налага оправданата борба на Турција против тероризмот не претставува опрепрека за одржување на демократските избори во плуралистичка и вистинска смисла. 

Аксој продолжи со следните зборови: „Во голем број земји се одржани избори за време на спроведување на вонредна состојба. Едниот од последните примери беа одржаните избори во Франција во 2017 година. Сите одржани избори во Турција се потврдени со меѓународни набљудувачки изваштаи како демократски, слободни, праведни и транспарентнуи избори. Оввие видови коментари со предрасуди на средините кои кога е во прашање Турција доживуваат помрачување на умот, претставуваат нов пример на оној двоен стандард кон Турција, што пак се дочекува со жалење.“ 

„Оваа мисла која во соработка со тероризмот, му пружа можност на Салих Муслим, поранешниот лидер на ПЈД, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, да одржи говор под покривот на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ), нема право и надлежност да и одржува лекција по демократија на нашата земја.“ - рече портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој.

Аксој воедно нагласи дека одлуката за тоа кога ќе се одржат изборите во Турција може да ја донесе само собранието кое е оформено со волјата на народот.



Слични вести