Чавушоглу за случајот со Брансон: Се надевам САД сфатиле дека нивните државјани не се недопирливи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу отпатува за главниот град на Англија Лондон и овде во врска со случајот со американскиот свештеник Брансон рече: „Се надевам САД сфатиле дека нивните државјани не се недопирливи“

Чавушоглу за случајот со Брансон: Се надевам САД сфатиле дека нивните државјани не се недопирливи

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу отпатува за Лондон каде што ќе се состане со британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант и ќе одржи говор на состанокоѕт на тркалезната маса на тинк-тенк оганизацијата (мисловен институт) „Чатам Хаус“ на тема „Европа во променлив светски поредок“.  

Чавушоглу во изјава за новинарите во Лондон се осврна на судскиот процес во врска со американскиот свешеник Ендрју Брансон кој беше поврзан со терористички организации.

Притоа Мевлут Чавушоглу рече: „Се надевам САД сфатиле дека нивните државјани не се недопирливи.“ 

Чавушоглу во продолжение рече: „Рековме дека санкциите и заканите не можат да решаваат и дека ќе реши судството. Државјаните на САД не се недопирливи. Се надева дека САД сфатиле оти не можат да добијат резултат од Турција со вршење притисок. Треба да се почитува одлуката на судството.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше пречекан на воениот аеродром „Брајз Нортон“ во Лондон и на разговорите кои што ќе ги оствари со британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант освен за билатерални прашања како што се политичките и економските односи и соработката во сферите на безбедноста и борбата против тероризмот се очекува да бидат разменети мислења и за прашања во однос на регионални случувања на чело со ситуацијата во Сирија, Европската унија (ЕУ) и во врска со процесот за излегување (одделување) на Велика Британија од Европската унија (ЕУ), т.ј. Брекзит.

 



Слични вести