Повик од Ердоган до САД да го одржи ветувањето

САД да го одржи даденото ветување во врска со протерувањето на терористите на ПЈД/ЈПГ сириското продолжение на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од Мунбич

Повик од Ердоган до САД да го одржи ветувањето

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека во случај САД не ги преземат и фрлат потребните чекори на северот на Сирија, тогаш Турција ќе ги преземе потребните мерки против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во говорот на седницата на пратеничката група на владејачката Партија за правда и развој (АКП) во Големото национално собрание на Турција чиј лидер е самиот претседателот Ердоган упати повик до САД да го одржи даденото ветување во врска со протерувањето на терористите на ПЈД/ЈПГ сириското продолжение на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од Мунбич каде што се лоцирани.

Надоврзувајќи се на консензусот меѓу Турција и САД постигнат на 4 јуни, Ердоган рече:

Предвидениот календар за Мунбич беше 90 дена. За жал на функционираше. Но и ако не функционира, ние знаме самите да си ја завршиме работата. Во тие рамки ќе се преземат  фрлат потребните чекори на источната страна на Еуфрат. Сите активности против ЈПГ/ПЈД поточно ПКК ќе ги реализираме на највисоко ниво. Сите овие работи ќе ги реализираме како за доброто и спокојството на нашата земја исто така и за спокојството на невините кои живеат во оваа земја



Слични вести