Синоќа во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија беше извршен претрес

Турските и Саудиските претставници на заедничката група за истражување на случајот синоќа ги завршија истражните дејствија во конзулатот

Синоќа во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија беше извршен претрес

Турските и Саудиските претставници кои зедоа учество во заедничката работна група за истражување на случајот во врска со исчезнувањето на саудискиот новинар Џемал Кашикчи од кого од 2 октомври кога влезе во зградата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул нема информации ги завршија истражните дејствија.

Претставниците на работната група заедно со екипите за истражување на лице место на настанот откако го завршија увидот, ја напуштија заградата на Генералниот конзулат.

Синоќа во Генералнот конзулат најпрвин пристигнаа претставниците на Саудиска Арабија со цивилни возила.

По одреден период во зградата на Генералниот конзулат влегоа турските претставници на работната група.

Предлогот за формирање заедничка рабона група минатата недела беше доставен од страна на Саудиска Арабија.

Републичкото главно јавно обвинителство на Истанбул започна истрага за исчезнатиот саудиски новинар.



Слични вести