Ова е најголемиот „килим од лалиња“ во светот

На плоштадот Султанахмет едниот од најзначајните симболи на Истанбул претставен живописен мотив на најголемиот „килим од лалиња“ во светот.

Градската самоуправа на Истанбул во склопот на 13-от Фестивал на лалето во Истанбул го закити со лалиња речиси целиот град.

„Килимот од лалиња“ со цветна површина од 1734 квадратни метри и составен од 565 илјади лалиња восхитува со снимките снимени од воздух.

Откако кон овој џиновски „килим од лалиња“ беше додадена и онаа импресионирачка панорама на историскиот полуостров на Истанбул овие снимки со право ги воодушевија луѓето.

„Килимот од лалиња“ беше во фокусот на вниманието на граѓаните и во текот на неговото подготвување.

Џиновскиот „килим од лалиња“ со онаа своја разнобојност и придаде една нова колоритност на силуетата на Истанбул и стана извонредна како оние слики на разгледниците.