Трета средба на јужнокорејскиот и севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун третата годинашна средба ја остварија во Пјонгјанг.

Мун во придружба на голема делегација е првиот јужнокорејски лидер кој по период од 11 години замина во посета на Северна Кореја.

Мун со авион од воздушната база во Сеул по 80 минутно патување преку Жолтото море заедно со првата дама Ким Јонг-сук пристигнаа во Пјонгјанг каде што на меѓународниот аеродром Сунан беа пречекани од страна претседателот Ким, сестра му Ким Јо-јонг и сопругата Ри Сол-ју.

Главна тема на разговорите на посетата на Мун на Северна Кореја кој допатува во придружба на високите претставници на технолошките гиганти како што се компаниите Самсунг, ЛГ и Хундаи Мото и која ќе трае до 21 септември ќе биде нуклеарното разоружување.

Во рамките на посетата Јужнокорејските поп интерпретатори Аилее и Зико кои ја сочинуваат „К-поп страната“ на делегацијата се очекува да излезат на сцена.

Мун и Ким првпат се состанаа на 27 април во пограничното село на примирјето Панмунјон.

Во заедничката декларација којашто беше објавена по средбата, беше истакнато дека лидерите постигнаа согласност за започнување на средбите за целосно нуклеарно разоружување на Корејскиот полуостров и претворање на привременото примирје во траен привремен договор

Мун на средбата на барање на Ким најпрвин се фатија за раце и заедно преминаа во Северна Кореја, а веднаш потоа се вратија на териториите на Јужна Кореја.

По првата историска средба во април, двајцата лидери на 26-ти мај повторно се состанаа и ги разгледаа можностите за постигнување мир меѓу двете земји.