(ВИДЕО) Турските копнени сили влегоа 5 км во Африн

Војниците на Слободната сириска армија во рамките на операцијата на „Маслиново гранче“ на Турските вооружени сили чија цел е да се исчисти подрачјето Африн на северот на Сирија од терористите, ги повратија позициите кои беа под контрола на терористичките организации ПКК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.

Оклопните возила, специјалните единици и пешадијата на Турските вооружени сили влегоа околу 5 км на териториите на АФрин.

9 села на Африн беа исчистени од приврзаниците на терористичките групи на ПКК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.

Во рамките на операцијата беа уништени 198 терористички цели.

Додека продолжува испораката на војниците на границата, началникот на ГШ генерал на армија Хулуси Акар отпатува за Хатај на границата со Сирија каде што изврши увид на состојбата на лице место.

Во првата етапа во областа која ќе биде исчистена од терористите се планира да се формира безбедносен коридор во длабочина од 30 км.

Од друга страна пак пристигнуваат информации дека терористите ги земале дури децата од училиштата за да војуваат на нивна страна.