(ВИДЕО) Вчера беше лансирана најсилната ракета „Фалкон неви“

Американскиот технолошки гигант „Спејс икс“ производител на вселенски возила и ракети вчера ја лансираше најсилната ракета „Фалкон хеви“.

Ракетата на главниот извршен директор на „Тесла“ и основач на компанијата „Спејс икс“, милијардерот Елон Муск, од Вселенската база Кенеди во Флорида без проблеми и успешно беше исфрлена во вселената.

Во ракетата „Хеви фалкон“ беше сместен и еден електричен спортски автомобил производство на Тесла. На седиштето на возачот на црвениот „Родстер“ беше поставен еден манекен облечен во астронаутска облека.

Додека ракетата „Фалкон хеви“ патува во вселената, двете помошни ракети кои се одвоија од капсулата само одреден период по лансирањето, паднаа на Земјата. Третата ракета се очекува да падне во Атлантскиот океан. Овие ракети повторно ќе можат да се користат.

Ракетата „Хеви фалкон“ е најсилната ракета која беше исфрлена од страна на една приватна компанија од првата ракета која пренесуваше и астронаути в вселената, која пред 45 години беше исфрлена од страна на Американската агенција за  вселенски истражувања НАСА.

Над сто илјади луѓе допатуваа во близината на вселенската база со цел во живо да го проследат лансирањето на најсилната ракета на компанијата „Спејс икс“, додека милиони луѓе лансирањето на ракетата го проследија во живо преку ТВ-канали.

Капсулата која беше исфрлена се очекува стотици па дури милиони години д асе врти околу сончевата орбита.