Патувањето на две панди од Кина во Индонезија

Кина испрати две џиновски панди во дипломатска мисија во Индонезија

Патувањето на две панди од Кина во Индонезија

Кина испрати две џиновски панди во дипломатска мисија во Индонезија, во рамките на одбележувањето на шестата деценија од билатералните односи и јакнење на пријателството меѓу народите на двете земји.

Седумгодишните панди Цаи Tao и Ху Чун пристигнаа утринава во Индонезија, а пилотите во неколку наврати ја менуваа рутата на летот за да пристигнат од Кина во Индонезија колку што е можно побрзо.

Подготовките за дочекот на пандите во најголемата индонезиска отворена зоолошка градина се веќе завршени, а досега за грижа за пандите се потрошени речиси 4,5 милиони долари. 

За нив ќе се грижи посебен тим од ветеринари и осуммина негуватели кои за таа задача поминаа посебна обука во Кина.

Кина уште во 2010 година најави дека ќе испрати панди во дипломатска мисија во Индонезија.



Слични вести