Соборен рекорд во извозот во одбранбената индустрија

Стапката на извоз во одбранбениот и воздушниот сектор во споредба со истиот период лани се зголеми за 3,72 насто

Соборен рекорд во извозот во одбранбената индустрија

Се зголеми извозот во одбранбената индустрија на Турција кој има големо значење од аспект на одржливиот развој.

Извозот во одбранбениот сектор достигна 1,74 милијарда долари и досега тоа е најголема бројка која беше остварена од аспект на надворешната продажба.

Стапката на извоз во одбранбениот и воздушниот сектор во споредба со истиот период лани се зголеми за 3,72 насто.

Додека извозот на секторот во 2016 година изнесуваше 1 милијарда 677 милиони 116 илјади долари, оваа бројка во 2017 година достигна 1 милијарда 739 милиони 453 илјади долари.

На прво место во секторот од аспект на извозот се најде САД. Минатогодишниот извоз на САД во споредба со 2016 година достигна раст од 18 насто и изнесуваше 692 милиони 312 илјади долари.

По САД, со 208 милиони 641 илјади долари следува Германија, додека на трето место со 106 милиони 871 илјади долари се наоѓа Индија.



Слични вести