Извинување од астронаутот кој рече дека пораснал 9 цм во вселената

Висината на човекот во безгравитациона средина може да се зголеми за 1-2 цм

Извинување од астронаутот кој рече дека пораснал 9 цм во вселената

Јапонскиот астронаут Норишиге Канаи кој три недели помина во Меѓународната вселенска станица, преку профилот на твитер ја напиша следната порака.

„На сите им посакувам добро утро. Имам многу важна порака. Прегледите што беа направени по времето проведено во вселената покажаа дека сум пораснал за 9 цм како растение“.

Канаи во продолжение на пораката напиша дека на враќање од вселената во јуни, бев загрижен дали ќе ме собере вселенското возило Сојуз.

По одреден период астронаутот Канаи објави втора порака преку која се извини и рече дека пораснал за 2 а не 9 цм, поради што и се извинува на јавноста за погрешното информирање.

Поради недостаток на гравитација во вселената и немање притисок врз ‘рбетот и кичмата, висината на човекот може да се зголеми за 1-2 цм.

По враќањето на астронаутите на Земјата, висината им се враќа во нормални димензии.



Слични вести