Титан, сателитот на Сатурн има иста надморска височина како морињата на Земјата

Истражувачкиот тим утврди дека јаглеводородните мориња на Титан, поради постоечката гравитација, имаат надморска височина која во просек е слична на „нивото на морето“ на Земјата.

Титан, сателитот на Сатурн има иста надморска височина како морињата на Земјата

Научниците откриле дека Титан, сателитот на Сатурн, има иста надморска височина како морињата на Земјата.

Истражувачкиот тим предводен од астрономот Алекс Хајс од Универзитетот „Корнел“ во Соединетите Американски Држави утврди дека јаглеводородните мориња на Титан, поради постоечката гравитација, имаат надморска височина која во просек е слична на „нивото на морето“ на Земјата.

Истражувачите на НАСА кои користеле радарски слики од последното нурнување на вселенското летало Касиниво во атмосферата на планетата Сатурн, исто така, забележале дека јаглеводородните езера се само неколку стотини метри над просечната надморска височина.

Исто така, истражувачите забележале дека Титан е единственото небесно тело во Сончевиот систем, освен Земјата, на чија површина е забележано стабилно присуството на водата. Средното ниво на водата во морињата и езерата, истражувачите го поврзуваат со постоење на еден подземен систем налик на оној на Земјата, со кој меѓусебно се поврзани морињата и езерата, составени од јаглеводороди, како што се етан и метан.

Наодите од истражувањето се објавени во списанието „Geophysical Research Letters“.



Слични вести