Марк Закерберг сведочеше пред Конгресот на САД

Фејсбук минатата недела објави дека биле искористени приватните податоци на 87 милиони негови корисници во однос на критичкото политичко гласање во оваа земја и во САД,

Марк Закерберг сведочеше пред Конгресот на САД

Соочен со прашањата во врска со најголемиот пропуст со приватните податоци на корисниците на мрежата што некогаш се случил во историјата на компанијата, соосновачот и извршен директор на компанијата „Фејсбук“, Марк Закерберг, сведочеше пред 44 американски сенатори на два моќни комитети пред Конгресот на САД.

Фејсбук минатата недела објави дека биле искористени приватните податоци на 87 милиони негови корисници во однос на критичкото политичко гласање во оваа земја и во САД, без согласност од „Кембриџ аналитика“, чие седиште е во Велика Британија.

„Сега е јасно дека не сторивме доволно за да спречиме овие алатки да бидат искористени за нанесување штета“, изјави Закерберг. „Тоа важи и за лажните вести, надворешното мешање во изборите и говорот на омраза“.

„Не ја увидовме подобро нашата одговорност и тоа беше голема грешка. Моја грешка е и се извинувам... Тоа ја вклучува основната одговорност за заштита на информациите на корисниците, во кое не успеавме со британската компанија Кембриџ аналитика“, додаде тој.

Извршниот директор призна дека Фејсбук бил бавен во идентификувањето на руските информативни операции во 2016 година, а сега има распоредено нови алатки за вештачка интелигенција (A.I tools) што овозможуваат поуспешна работа во идентификувањето на лажните профили кои можеби се обидуваат да се мешаат во избори или да шират дезинформации.

„Кембриџ аналитика“ беше поврзана со кампањата на претседателот Доналд Трамп во 2016 година, а компанијата со седиште во Велика Британија, наводно, ги користела податоците на Фејсбук за да се меша во изборите.



Слични вести