Тесла поднесе кривична пријава против поранешен вработен

Во соопштението на Тесла беше истакнато дека против поранешниот вработен во компанијата Мартин Трип беше поднесена кривична пријава за крадење на податоци

Тесла поднесе кривична пријава против поранешен вработен

Компанијата Тесла која важи за еден од најголемите производители на електрични автомобили и системи за складирање на енергија соопшти дека поднесе кривична пријава против еден поранешен вработен.

Во соопштението кое беше објавено од страна на компанијата Тесла беше истакнато дека против поранешниот вработен во компанијата Мартин Трип во американската сојузна држава Невада беше поднесена кривична пријава за крадење на податоци.

Во соопштението беше истакнато дека Трип во октомври почна да работи во објектот во Гигафактори на Тесла во државата Невада и во рамките на внатрешната истрага беше утврдено дека без одобрение земал податоци на компанијата.

Во соопштението во кое беше изнесено тврдењето дека Трип без одобрение сликал десетици фотографии и снимки на електричните автомобили на тесла, беше истакнато дека компанијата дури сега почна да го сфаќа значењето на незаконските активности на Трип. Самиот го прифати обвинувањето дека без одобрение влегол во производствениот оперативен систем на Тесла и дека усовршил софтвер преку кој стотици гигабајти податоци на Тесла ги извадил надвор од компанијата.

Главниот извршен директор (ГИД) на Тесла Елон Муск во вчерашната порака преку електронска пошта што им ја испрати на вработените, вработениот го обвини за голема саботажа.



Слични вести