Соработка во софтверот помеѓу ТУСАШ/ТАИ и француската софтверска компанија Дасо Системс

Софтверот во кој ќе се оди на соработка помеѓу ТУСАШ/ТАИ и француската софтверска компанија Дасо Системс ќе се употреби особено во проектот за производство на национален борбен авион (MMU) кој се наоѓа меѓу оригиналните производи на ТУСАШ

Соработка во софтверот помеѓу ТУСАШ/ТАИ и француската софтверска компанија Дасо Системс

Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ/ТАИ) и француската софтверска компанија Дасо Системс (Dassault Systemes) ќе одат на соработка по прашањето на софтверот и поддршката на овој план.

Според објавеното соопштение од ТУСАШ, соработката за која што станува збор ќе ги опфати процесите на информациската безбедност и брзите процеси на проектирање на оригиналните проекти на компанијата. Софтверот ќе се употреби особено во проектот за производство на национален борбен авион (MMU) кој се наоѓа меѓу оригиналните производи на ТУСАШ.

Оваа соработка ќе овозможи да одат поточни податоци во производството и ќе даде директен придонес во оформувањето на брзите процеси на проектирање, сведувајќи ги притоа на минимум и грешките во производството.

Со софтверот што ќе се користи во проектот за производство на национален борбен авион (MMU) ќе се реализираат дизајн инженеринг студии. Софтверот ќе се користи во сите фази на производство на националниот борбен авион и ќе им придаде интензитет на процесите на дизајн на ТУСАШ. 

 



Слични вести