Редовното вежбање делува позитивно на менталното здравје

Според едно спроведено истражување во САД редовното вежбање по три или пет пати во неделата со времетраење од по 45 минути делува позитивно на менталното здравје

Редовното вежбање делува позитивно на менталното здравје

Редовното вежбање делува позитивно на менталното здравје на човекот.

Во САД беа анализирани нивоата на физичката активност и психолошката состојба на 1,2 милиони лица кои учествуваа во едно истражување кое што беше реализирано во оваа земја.

На крајот на ова истражување е установено дека тимските спортови, велосипедизмот и вежбањата како што е аеробиката кои што се прават по 3 или 5 пати неделно во траење од по 45 минути имаат позитивни влијанија на менталното здравје.

Во истражувањето се истакнува дека без да се прави разлика според возраста и половата припадност сите физички активности вклучувајќи ги и домашните работи и негата на децата делуваат добро на менталното здравје.

Се укажува на тоа дека физичката активност пак еднаш на два дена од по 30 до 60 минути се најкорисна.

Доктор Адам Чекруд од Универзитетот Јел рече дека досега постоеше верување во однос на тоа дека колку многу се вежба толку тоа позитивно се одразува на менталното здравје и напомедна дека ова истражување не го поддржува ова верување.

Резултатите од ова истражување беа објавени во списанието „Lancet Psychiatry“.

 



Слични вести